Search

Создаваме иднина со знаење

Знаењето и вештините кои ги нуди нашиот факултет овозможуваат создавање инженери соодветени да одговорат на потребите во индустријата.

Машинскиот факултет е конципиран врз основа на студиските програми на водечките европски факултети од областа на машинството, при што се земени предвид и досегашните искуства во индустрискиот и технолошкиот развој во нашата земја. Идните студенти имаат можност да стекнат знаења од областа на машинските конструкции, производните технологии, автоматизацијата и современите инженерски пристапи.

Студиските програми се усогласени со принципите на Болоњската декларација, преку примена на Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) и современи начини на организирање на наставата.

Универзитетот „Гоце Делчев“ претставува реномирана институција во областа на
високото образование, која преку понудените современи студиски програми на различни факултети обезбедува квалитетно образование и привлекува голем број студенти од Македонија, но и од странство.

Секоја студиска година Универзитетот врши упис на студенти на единиците на Универзитетот во прв, втор и трет циклус универзитетски и професионални студии.
Уписите се вршат во три уписни рокови, од кои првиот е во август, а другите два во текот на септември, во зависност од слободните места за упис. Бројот на студенти кои може дасе запишат на одделните факултети за одредена академска година се објавува во конкурсот.

Универзитетот традиционално секоја година доделува и стипендии во вид на ослободување од плаќање на партиципација за првата година од студиите од прв циклус за најдобро рангираните кандидати на секој факултет.

Воспоставена соработка