Во рамките на серијалот „Студентите учат од бизнисот“, дел од студентите на Машински факултет на насоките: Maшинско инженерство и Мехатроника, II и III година, беа во посета на Компанијата „Џонсон Мети“ ДООЕЛ Скопје.

Овој проект Стопанската комора на Република Северна Македонија го реализира во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Центарот за кариера, а произлегува од активноста на Советот за унапредување на високото образование и стратешките истражувања со наслов „Денови на отворена врата“ за поврзување на работодавците, факултетите и студентите, за подобро запознавање на студентите со перспективите во одредена компанија или сектор, како иден стручен кадар на пазарот на труд.

Целта на настаните е студентите да се запознаат со добрите практики на успешност во работењето на компанијата од страна на еминентни претставници на бизнис заедницата, а преку посета на компании, како нивен иден човечки потенцијал да се запознаат со работните процеси, работната култура, технологијата и други сегменти од работењето. Во реализацијата на настаните поддршка дава и Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките со кои заеднички се иницира потребата за системско уредување на практичната настава во високото образование.

Домаќин на настанот беше компанијата „Џонсон Мети“ ДООЕЛ Скопје, производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Студентите имаа можност да се запознаат со еден од најголемите работодавачи во земјава, која воедно е и компанија која со своите извозни активности генерира околу 16 проценти од БДП на Македонија.

Исто така, студентите се запознаа и со работните процеси, стандардите и напредната технологија и автоматизација која се применува во еден современ капацитет, каков што е фабриката во ТИРЗ Скопје, кои гарантираат производство на компоненти кои имаат висока додадена вредност, а кои понатаму се вградуваат во автомобилите. Едно од три возила во Европа има дел кој е произведен токму во оваа фабрика, односно секој трет автомобил во Европа има печат „Made in Macedonia“.

Компанијата „Џонсон Мети“ ја препознава важноста за соработка со образовните институции и како работодавач веќе е вклучена во профилирање на професионален кадар и дава поддршка на активностите на Стопанската комора на Северна Македонија за поттикнување на квалитетно високо образование по мерка на бизнисот. Од неодамна „Џонсон Мети“ повторно се закити со наградата „Работодавач на годината“, како најпосакуван странски работодавач во Македонија. „Џонсон Мети“ е активна членка на Стопанската комора на Северна Македонија и на Советот на странски инвеститори.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 032 550-071
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Маргарета Алчинова
Телефон: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.