Христијан Симов, дипломиран машински инженер на Машински факултет во Штип
По дипломирањето, се вработив во Јануари 2021 год. во компанијата Актива аутомотив во Штип, како инженер во Одделот за контрола на квалитет.
Актива аутомотив Штип е една од најдобрите, водечки компании за производство на машински делови и шасии за возила, како за домашниот така и за странскиот пазар. Од оваа временска дистанца, сметам дека сум направил вистинска одлука кога се запишав на Машинскиот факултет во Штип и затоа им препорачувам на сите идни студенти да го изберат Машинскиот факултет при УГД – Штип.