Симеон Петров е дипломиран машински инженер од Струмица.

Дипломираше во 2018 год. на Машинскиот факултет при УГД - Штип. По дипломирањето се вработи во компанијата ЖИКОЛ со седиште во Струмица, една од водечките градежни компании во Македонија. Денес во оваа компанија работи на позиција раководител на секторот Механизација.

Како раководител на сектор задолжен е за комплетна и рационална експлоатација на механизацијата, нејзиниот распоред по објектите, а се со цел формирање на целосни функционални работни целини. Одржувањето на целокупната механизација во постојано работна состојба е исто еден од приоритети во неговото работење.

На прашањето што најмногу му оставило впечаток од студирањето на Машинскиот факултет ни одговори дека тоа е темелниот начин на стекнување на знаења, како неопходна подлога за компетитивно извршување на работните обврски и дека освен со стекнатото знаење во областа на машинството, се стекнал и со поинаков, сериозен и одговорен пристап кон решавање на проблемите.

На прашањето кои се неговите планови за во иднина ни одговори :

Иако дипломирав пред повеќе од 3 години и понатаму ги следам промените кои се случуваат на Машинскиот факулет при УГД. Познато ми е дека од минатата година се воведоа додипломски студии по Мехатроника, а од есен се воведуваат нова додипломска програма Информатичка технологија во машинството и магистерски студии по Мехатроника. Имајќи во предвид дека како и во другите сектори така и во машинството, информатиката претставува клучна алатка за побрзо и поедноставно детектирање и решавање на проблемите, сметам дека воведувањето на овие студиски програми е позитивен исчекор, со цел факултетот да ги следи потребите на бизнис секторот за идни млади и перспективни машински инженери. Секако, моја првенствена цел е лично континуирано надградување на сопственото знаење како и следење на новите технологии и научни истражувања. Со новите магистерски студии им се овозможува на идните студенти многу подиректен пристап до современите достигнувања во машинството. Во таа насока планирам, во склоп со моите работни обврски да продолжам на магистерски студии на Машинскиот факултет. Им препорачувам на сите матуранти, идни академски граѓани, доколку се спремни да вложат труд и континуирано да се надградуваат да студираат на Машинскиот факултет - Штип.

 

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 032 550-071
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Маргарета Алчинова
Телефон: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.