Сара Милојчевска, дипломиран машински инженер на Машинскиот факултет на УГД во Штип.
Веднаш по дипломирањето се вработив во секторот за контрола на квалитет во италијанската компанија за производство на топлотни разменувачи за бојлери „Кондево“ во Штип.
Како инженер задолжена сум за контрола на квалитетот која се остварува со помош на најразлични техники и тестирања кои ги вршиме со современи и прецизни тридимензионални мерења. Задоволна сум од работните услови и примања, како и од можностите за понатамошно усовршување кои ми ги пружа компанијата. Сметам дека одлучив коректно кога избрав да студирам на Машинскиот факултет во Штип. Истото им го препорачувам и на сите идни студенти кои сакаат да студираат технички факултет.