Бојан Јованов, студент на Машински факултет во Штип, насока Мехатроника

Пред две години се запишав на Машински факултет во Штип-насока Мехатроника. До сега ги изучувавме базичните предмети од областите кои ја сочинуваат Мехатрониката како интердисциплинарна наука. Следните две студиски години ќе изучуваме специфични предмети – Вовед во Мехатроника, Актуатори, Роботика и автоматизација, Микрокомпјутери, Програмабилни логички контролери (PLC), Моделирање и симулации, Мехатронички системи, Компјутерско водење на процеси и др. Изучувањето на овие предмети за мене е вистински предизвик. Сакам да потенцирам дека студирањето на овој факултет не е формалност, но со редовна работа и посветеност се постигнува успех. Самата настава си бара целосно внимание и посветеност кон стекнување нови знаења и техники кои се доста интересни и корисни. Факултетот на сите заинтересирани студенти во текот на летниот период ни овозможува професионална пракса во компании во кои се користи современа технологија. Со користењето на електронскиот систем секој студент со секој професор може да комуницира во секој момент. Во доста компании во Македонија има постојано отворени слободни работни места за вработување на инженери мехатроничари. Се надевам дека по дипломирањето ќе успеам и јас да се вработам како инженер. Одлучив да го студирам она што јас сакам, што мене ме интересира. Според моето досегашно искуство во студирањето направив добар избор со запишувањето на Машинскиот факултет во Штип.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 032 550-071
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Маргарета Алчинова
Телефон: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.