Во рамките на предвидените активности за теренска настава дел од студентите на Машински факултет во Штип на 24 април 2025 година посетија две производствени фабрики во Источна Македонија, фабриките „Винчини“ во Виница, која е дел од групацијата „Макпрогрес“ и фабриката „Руен инокс автомобиле“ во Кочани.

Во фабриката „Винчини“ студентите најпрво беа запознати со палетата на производи кои се произведуваат во оваа фабрика а потоа го посетија погонот за производство на чоколадни кондиторски производи. Овде студентите  беа запознати со машинската опрема и производните линии, начинот на организација на производството од влезни суровини до готов производ.

Во фабриката „Руен инокс автомобиле“ - Кочани се произведуваат делови за автомобили: спојки (спојка на спојката, диск и ослободување на лежишта), за патнички автомобили, камиони, автобуси и трактори. Од страна на дел од производствениот менаџмент на компанијата дипл. маш. инж. Димитар Филипов и дипл.маш.инж. Виктор Ангелов, поранешни студенти на Машинскиот факултет при УГД, на студентите им беа детално презентирани сите фази од производството. Започнувајќи од делот за машинска обработка, потоа Алатница, Монтажа, Галванизација, Пресерај, Термичка обработка, Ковачница, Институтот за испитување на спојки и Лабораторијата за испитување на материјали. На крајот од посетата на студентите им беа презентирани идните развојни планови на компанијата.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 032 550-071
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Маргарета Алчинова
Телефон: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.