На 2 април 2025 г., студентите од трета и четврта година на Машински факултет имаа теренска настава во фирмата АБ НОВОСЕЛСКИ, водечка компанија во областа на машинската индустрија, производството, која исто така продава делови и додатоци за автомобили и камиони, од механички артикли до потрошен материјал, и за трговски и за јавни клиенти. Оваа посета беше одлична можност за студентите да ги запознаат современите технологии, производствените процеси и предизвиците во индустријата.
Посетата беше организирана под менторство на проф. д-р Сашко Димитров и доц. д-р Дејан Крстев, кои ги придружуваа студентите и им помогнаа да ги поврзат теоретските знаења со практичните примени.
Благодарни сме на АБ НОВОСЕЛСКИ за топлиот прием и инспиративните искуства кои ги споделија со нашите идни машински инженери.