Во посета на УГД и Лабораторијата за циркуларна економија на Машински факултет денес беа заменик-министерот за eкономија и труд, Марјан Ристески, и Марија Дуковска-Павловска.

Тие заедно со ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, и проректорот проф. д-р Дарко Лазаров ја посетија лабораторијата, која треба да даде импулс во циркуларната економија, рециклирањето и добивање на нови продукти, со што ќе се даде и придонес во заштитата на животната средина. „Ова ќе биде практичен придонес на истражувачките и научните капацитети на УГД во овој процес“, потенцираше ректорот Мираковски.    

Ми претставува посебна чест и задоволство што денес можеме да го операционализираме постоењето на нашата Лабораторија за циркуларна економија, бидејќи Универзитетот веќе долги години се труди да развива капацитети во оваа сфера. Со помош на овој проект направивме дополнување на постоечките истражувачки капацитети и верувам дека заедно, со врската што ја имаме воспоставено овојпат со стопанските комори, односно со бизнисот и нашите научноистражувачки капацитети, ќе можат навистина да бидат ставени во функција на едно сосема ново ниво. Ниво кое ќе овозможи реални производи, искористување на многу ресурси кои, за жал, не ги искористуваме денес, а и нови знаења за нас, за нашите професори и студенти. Сигурен сум дека ова е вистинскиот начин да ги поврземе капацитетите на индустријата, на државата и на универзитетите.  Се надевам дека ова ќе биде само прв чекор во многу нови интересни моменти за нас, но и за научната фела и за државата која се труди да воспостави рамка во која ќе се развиваат навистина нови проекти во рамки на циркуларната економија. Тоа не е само тренд, туку е единствениот начин за одржлив развој, којшто е малку запоставен кај нас.

За студентите ова значи многу, бидејќи ние имаме политика на отворена наука. Посебно студентите од повисоките години, од втор и од трет циклус студии, сега ќе можат да работат со реални проблеми, реални примери, ќе можат да го истражуваат квалитетот на рециклираните материјали, како од аспект на нивните механички и технички својства, така и од аспект на можното влијание врз животната средина, врз здравјето. Ќе можеме да ги испитуваме и механичките карактеристики на материјалите кои се произведени во некакви постапки на рециклирање, но и од аспект на хемискиот состав, дали претставуваат ризик за животната средина, за здравјето на луѓето кои би ги користеле, значи еден холистички целосен пристап на проблемите. Ние сега овозможуваме ова да се работи во постојните лаборатории и во новата Лабораторија за циркуларна економија на Машинскиот факултет. Таа целина е сега нова можност и за студентите, но и за научните работници“, рече ректорот на УГД, проф. д-р Дејан  Мираковски.  

За заменик-министерот за економија, Марјан Ристоски, Научниот центар за циркуларна економија кој е финансиран од страна на Министерството за економија и труд, оваа современа лабораторија многу значи за стопанството во Македонија.

Овде ќе имаме поврзување на научната фела со бизнис секторот во Македонија, во интерес на циркуларната економија и заштитата на животната средина, а тоа се вклопува со целокупната работа на Владата и Министерството, компаниите во Македонија да бидат поконкурентни и да се овозможи нивни раст и развој. Фактички, преку овој научен центар за циркуларна економија ќе се овозможи преку инволвирањето на научната фела, подобрување на перформансите на голем број фабрики и фирми од бизнис секторот, кои преку подобрување на квалитетот на нивните производи и технологии ќе добијат истражувања и иновации кои понатаму ќе ги искористат во нивното производство. Ние и понатаму ќе продолжиме со финансирање на вакви лаборатории.“

Во целиот процес, своја значајна улога има и Стопанската комора.

Како претседател на Центарот за циркуларна економија при Стопанската комора на Македонија, сакам да нагласам дека ова е втора година на постоење на овој Центар и наша цел е тој да прерасне во платформа што ги поврзува силата на бизнисот, знаењето на универзитетите и политиките на државата. Циркуларната економија не е само тренд, туку императив за одржлив развој. Тоа значи повторно користење на ресурси, намалување на отпад и создавање на  нови работни места во зелениот сектор. Бизнисот внесува иновации и инвестиции, универзитетите истражувања и таленти, а државата регулатива и поддршка преку политики. Оваа соработка е клучна за нашата економија, бидејќи заедно градиме иднина каде што профитот оди рака под рака со планетата“, изјави Марија Дуковска-Павловска.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 032 550-071
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Маргарета Алчинова
Телефон: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.