Прoфесорката Марија Чекеровска од Машинскиот факултет учествуваше во панел-дискусија „Напредокот на зелената енергетска транзиција во Штип“.
Настанот беше организиран од Фондацијата АКУО, во соработка со УГД и Општина Штип. Работилницата беше на тема „Развој на Штип преку поттикнување одржлив раст, земјоделство и транзиција кон зелена енергија“.
Оваа Работилница има за цел да обедини претставници на Владата, бизнис лидери, еколошки експерти и членови на заедницата кои ќе дискутираат и промовираат стратегии за одржлив развој во Штип.
Инаку, на Работилницата како панелисти учествуваа повеќе професори од Електротехничкиот факултет и Земјоделскиот факултет.