Дел од студентите на Машински факултет при УГД неодамна ја посетија компанијата „Руен-инокс аутомобиле“ во Кочани. „Руен“ е компанија која од 1952 год. произведува автомобилски фрикциони спојки и спојки за комерцијални возила.
Со оваа посета студентите имаа можност да ги видат процесите кои се дел од наставата на Машински факултет: калење, извлекување, режење итн. Ова е одлична можност студентите да се запознаат со индустријата и да постават прашања за производниот процес, што теоретски го учат во рамките на наставната програма на Машински факултет.
Овие теренски посети се дел од редовните активности на студентите кои заедно со професорите, кои исто така се врвни практичари, ги реализираат во текот на целата година.