На 3 април 2026 г. беше реализирана теренска настава во IGM-Trade / ИГМ-трејд, каде што студентите од трета и четврта година на Машински факултет – Штип при Универзитет „Гоце Делчев“ имаа можност директно да се запознаат со современите производствени процеси и технологии.
Под менторство на проф. д-р Сашко Димитров и доц. д-р Дејан Крстев, студентите стекнаа практични знаења и увид во реалната индустриска средина, што претставува значаен чекор во нивниот професионален развој.
Ваквите активности ја потврдуваат важноста од поврзување на теоретското знаење со практичната примена и ја зајакнуваат соработката помеѓу академската заедница и индустријата.
Сара Милојчевска
Сара Милојчевска, дипломиран машински инженер на Машинскиот факултет на УГД во Штип.
Studenti











