Од новата студиска година (2017/2018) Машински факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип започнува со нова студиска програма – Индустриско инженерство.

При изготвувањето на студиската програма беа анализирани водечки универзитети според последното рангирање на универзитетите од страна на Институтот за високо образование при Универзитетот „Џио Тонг“ во Шангај.

Особено внимание беше посветено на анализа на студиските програми од Универзитетот „Станфорд“ и Универзитетот во Ватерло.

Индустриските инженери применуваат наука, математика и инженерски методи за комплексна системска интеграција и операции. Бидејќи овие системи се големи и комплексни, индустриските инженери треба да имаат знаења и вештини од широк спектар на дисциплини, способности за работа со луѓе и широки погледи кон комплексните системи. Индустриските инженери ги користат своите знаења и вештини за подобрување на системските процеси преку употреба на статистичка анализа, комуникација, дизајн, планирање, контрола на квалитет, управување со операции, компјутерска симулација и решавање на проблеми.

Индустриското инженерство е посебно бидејќи го нуди најдоброто од двата света: инженерството и бизнисот. Ова им овозможува на студентите да ги разгледуваат проблемите од менаџерска перспектива, како и техничка, давајќи преглед на целиот проект.

Причини зошто да студирате Индустриско инженерство

1. Индустриски инженери работат во секој сектор

Индустриското инженерство го интегрира најдоброто од повеќе области - вклучувајќи инженерство, математика, компјутери, менаџмент и бизнис. Ова овозможува да се стекнат менаџерски вештини со техничка перспектива. Ваквиот широк пристап овозможува да се најде работа од технички до менаџерски позиции, од банки до фабрики, од консултантски куќи до меѓународни организации.

2. Се комбинираат технички вештини со бизнис

Студиската програма опфаќа области со што се добива добро разбирање и на деловната страна на една компанија.

3. Фокусот е на процесите

Индустриското инженерство е релативно помалку техничко во однос на другите инженерски специјалности. Односно индустриското инженерство е повеќе фокусирано на процесите и изнаоѓање начини за подобрување на процесите.

4. Ги задоволува вашите интереси.

Како индустриски инженер секогаш ќе постои опција за работење на различни работни места.

Интерес за анализа на податоци? Постојат работни места за анализа на податоци и бизнис анализа со диплома од индустриско инженерство.

Интерес за работа во производство? Постојат работни места во логистика, инженер во производство, планирање на производство и многу други.Постојат многу други опции - ова се само неколку примери.

Зошто на компаниите им се потребни индустриски инженери?

Бидејќи тие се професионалци кои се подготвени да ги проценат локалните, националните и меѓународните сценарија пред да основаат фирма. Исто така, тие се одговорни за дизајнирање планови, програми, бизнис проекти и буџети.

Од сето ова, секој индустриски инженер може да стане и претприемач.


Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 032 550-071
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Маргарета Алчинова
Телефон: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.