Дел од студентите на Машински факултет при Универзитет „Гоце Делчев”- Штип во рамките на практичната настава 2024 година реализираа посета на Компанијата „МИКРОСАМ“ во Прилеп.

Посетата беше реализирана под менторство на доц. д-р Сара Сребренкоска и вон. проф. д-р Марија Чекеровска, со цел студентите да видат дел од она што го изучуваат применето во пракса.

👉 „Микросам“ е светски признат лидер во производство на роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber...). Од основањето во 1990 година, „Микросам“ има инсталирано над 330 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореја. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за современи композити. Заедно со Институтот за современи композити и роботика постои напредна лабораторија, каде што се прави заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот.

Во рамките на посетата беа претставени и можностите за летна пракса и вработување на студентите од Машински факултет.

📌 Соработката со „Микросам“ не само што им помага на нашите студенти да се подготват за успешна кариера, туку и ни обезбедува можност за истражување и развој на иновативни технологии.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 032 550-071
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Маргарета Алчинова
Телефон: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.