На Машински факултет се одржа настан на кој беа прикажани проектните презентации од студентите изработени под менторство на доц. д-р Сара Сребренкоска и доц. д-р Дејан Крстев во рамките на практичната настава која студентите ја имаа во тековниот семестар.
Во рамките на оваа активност студентите посетуваа одредени компании и работеа на изнаоѓање на ефективни решенија за проблемите со кои тие се соочуваат.
Студентите ги презентираа своите проекти, од дизајнирање и развој на иновативни производи до оптимизирање на постоечките производни процеси и системи, демонстрирање на нивните вештини и експертиза во различни области на машинското инженерство.
Настанот беше доказ за напорната работа, креативноста и иновативното размислување на студентите додека го применуваа теоретското знаење за да создадат ефективни решенија за проблемите од реалниот свет.
Деканката на Машински факултет, доц. д-р Сара Сребренкоска, посочи дека овој настан е отворен пример за посветеноста на Машинскиот факултет за поттикнување на самодовербата, креативноста, иновативноста и вештините на студенти при решавање проблеми, со што факултетот е исклучително горд на постигнувањaта и решенијата што студентите ги развија.
👉 Голема благодарност до „АКТИВА“ - Штип, „Техногума“ - Штип, „ТИНК ИНОКС“ - Кочани и „Руен аутомобиле“ - Кочани што им овозможија на студентите во текот на семестарот да присуствуваат кај нив и да работат на реални проекти.