На 1 април 2024 г. во просториите на Машински факултет, д-р Никола Манев, доктор по технички науки од областа на машинство, одржа предавање пред студентите на тема „Афтермаркет оптимизација на мотор со внатрешно согорување".
Благодарение на предавањето, присутните студенти, како и останатите слушатели подетално се запознаа со предизвиците во дизајнирањето на новите мотори и управувањето со нивната излезната оперативна карактеристика.
Притоа, акцентот беше ставен на вештото нагодување на влезните параметри на моторот, како дел од афтермаркет оптимизациите кои може да се извршат на моторите, а во насока на намалување на нивниот загадувачки, издувен отпечаток, намалување на потрошувачката на гориво и подобрување на перформансите на моторот, но и на возилото.
Предавањето побуди бројни прашања и вроди со интересна дискусија помеѓу присутните за последиците од ваквите модификации на работата на моторот, како и за нивната реална апликативност во намалување на загадувањето во урбаните средини.