Во тренинг-центарот при УГД на 14 март 2024 г. се одржа Работилница на тема „Уметност во функција" во која беа вклучени студентите од Факултет за природни и технички науки - насока Дизајн на ентериер и мебел, Ликовна академија и Машински факултет при УГД.
Студентите преку скицирање на сопствен дизајн формираа функционална форма, земајќи ги предвид изборот на соодветен материјал, структура, конструкција и производен процес, сѐ до креирање на финален производ од негова идеја до продажба.
Во рамките на Работилницата, на 25 март 2024 г. беше одржана и студентска изложба на изработените дизајн-постери.