Во просториите на Машински факултет пред студентите се одржа предавање на тема „Технолошки иновации и машинска револуција во Германија" од страна на м-р Денис Вајлер, машински инженер од областа на оперативна технологија и заменик-раководител на Школата за заварување – лабораторија за испитување на материјали, Кобленц, Германија.
Посебен акцент на предавањето беше ставен на испитување на деструктивни и недеструктивни материјали со примена на симулативни методи.