Најдобрите студенти од втора, трета и четврта година на Машински факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ (Виница, Штип и Струмица) имаа можност да посетат дел од најголемите саеми за техника и машинство на Балканот.
Студентите ги посетија Саемот за техника во Белград и Саемот за механизација во Нови Сад.
- Ова е одлична можност за студентите, но и за наставниците да бидат во тек со новите достигнувања од оваа област. Овде можеа да се видат најновите технолошки достигнувања, најновите машини и најголемите компании кои работат во областа на машинството, роботиката и технологијата истакна деканот на Машински факултет проф. д-р Ристо Кукутанов
Според зборовите на деканот, посетата на значајни саеми од областа на техниката и механиката ќе стане традиција на Машински факултет. Овие саеми се едни од најголемите саеми на Балканот за оваа техника.
Сара Милојчевска
Сара Милојчевска, дипломиран машински инженер на Машинскиот факултет на УГД во Штип.
Studenti



