Машинскиот факултет уште од неговото основање во 2008 година функционира во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев “ во Штип.

На факултетот се запишуваат и студираат студенти од Македонија, но и од Европа.

Преку оваа приказна сакаме да го доловиме искуството во студирањето на наши двајца студетни, но, и нивната љубовна приказна која постои од самиот почеток на студиите. Нивниот развој, нивната цел во иднината, нивниот живот кој ги натерал својата среќа и професионален развој да го побараат надвор од Македонија.

Преку социјалните мрежи директно стапивме во контакт со Ирена и Горан, направивме интервју со нив и овде ги бележиме нивните искуства во последните неколку години.

И двајцата се запишаа на Машинскиот факултет во Струмица 2014/15 година, на студиската програма Транспорт, организација и логистика, а нивната љубовна приказна почнала неколку месеци пред да ги запишат студиите. Горан е од Струмица а Ирена од село Моноспитово, на околу 12 км од градот Струмица.
Четири години заедно студираа, секојдневно заедно ги поминуваа сите предавања и вежби на факултет, заедно полагаа колоквиуми и испити, заедно се радуваа на секој положен испит, а во тешките моменти си беа утеха еден на друг. Ирена секогаш тивка и ненаметлива, Горан по темпераментен и постојано околу неа, но двајцата секогаш ведри и расположени за дружба.

Настан од студентскиот живот кој неможат да го заборават е изработката на втората семинарска работа по предметот Машински Елементи со десетина други студенти во домот на еден од колегите.

„Вториот програм по Машински елементи беше навистина обемен за работа, содржеше пресметки и цртање во AutoCad. Дел од нас ги знаеја пресметки а дел знаеја како да го нацртаат програмот. Десетина студенти сите на едно место, сите цртаа, решава, или ја пишуваа семинарската во Word, со музика но и коментари од сите страни. Беше навистина напорен, но во исто време и забавен момент. “

Со многу од своите колеги редовоно комуницираат, а со дел од нив и секојдневно. Ирена сеуште не е дипломирана, во план е последните 3 испити да ги полага штом заврши кризата со Ковид 19. Нешто што најмногу им недостига од студентските денови е честото дружење после часовите заедно со колегите и професорите.

Веќе една година живеат во Минхен, Германија.

На прашањата : Како ви се допаѓа тамошниот живот? Дали размислувате таму да продолжите на магистратура?Направете паралела помеѓу животот таму и во МКД.

Горан ни одговори :

Животот во Минхен има свои предности и мани, сепак тоа е еден голем мултикултурен град. Достапно eсе што му е потребно на еден млад човек за забава и уживање во зависност од тоа кој каков интерес и хоби има. Исто така можноста за надградување на знаење и напредување во работата е исто голема предност. Ние двајцата во моментов, поради се уште не познавање на германскиот јазик на академско ниво, реално не сме во можност да продолжиме со магистратура. За нас лично неспоредлив е животот овде и таму (во Македонија) во корист на животот овде поради тоа што за само година дена живот и работа овде сме поставиле и постигнале цели кои во Македонија не можат да се постигнат за пет или десет години бидејќи овде системот е така да е корисен за сите граѓани.

Ирена во моментов учи јазик, а Горан работи во логистички центар во болница.

Ирена моментално е во мирување со курсот поради кризата со Корона вирусот, а јас сум вработен во една од поголемите клиники во Минхен во одделот за внатрешен транспорт и логистика, каде е сместен и универзитетот Ludwig Maximilian University of Munich, на кој покрај голем број студиски програми за студенти, редовно се одржуваат и обуки, семинари и курсеви за вработените, ни појасни Горан.
Кои се Вашите планови за во иднина?

Нашите планови за во иднина се секако дипломирање во најскоро можно време, усовршување на германскиот јазик, вработување и на Ирена во областа на студиите и напредување во работата за мене и секако создавање на фамилија.

И на крај, ги прашавме што би им порачале на младите во Македонија, дали и зошто да студираат на Машински факултет при УГД , која е нивната порака?
На младите би им препорачале да се запишат на Машински факултет ако имаат интерес за инженерство и ако себе си се гледаат во иднина како успешни машински инженери. Студирањето на овој факултет бара време и посветеност. И овде во Германија дипломите од Машинскиот факултет од Штип се признаени, затоа по завршувањето на факултетот им се создаваат многу можности за успешна кариера било каде во светот.

Машинскиот факултет им посакува многу среќа и исполнување на нивните планови за во иднина.

Мај.2020.

 

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 032 550-071
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Маргарета Алчинова
Телефон: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.