Машинскиот, Електротехничкиот и Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе им овозможат на средношколците и на сите заинтересирани граѓани на непосреден начин да се запознаат со студиските програми и можностите што им се нудат за студирање.
За таа цел, на 16 март на УГД се организира Отворен ден, на кој покрај презентацијата на студиските програми, на заинтересираните ќе им се претстават и можностите за професионален развој на идните студенти.
Отворениот ден ќе се реализира на Кампус 2 на УГД, со почеток во 10.30 часот, и ќе биде одлична можност за сите заинтересирани за техничките науки директно од професорите и асистентите на овие факултети да се запознаат со можностите што им се на располагање, како во поглед на реализација на студиската програма, така и со можноста за пракса, учество во научни проекти, во програмите за мобилност и можностите за посета на ренормирани европски и светски универзитети.