Студентите во седми семестар на Машински факултет беа во посета на компанијата „Маркарт Македонија“. Тие имаа можност да ја посетат изложбата „Користете ги сетилата“, која е достапна за вработените во „Маркарт“ и е на глобално ниво во секоја од локациите на „Маркарт“ во светот (вкупно 14 локации).
Целта на изложбата е да се претстави дел од портфолиото на производи, како и важноста на квалитетот во работата. Исто така, фокусот е секој посетител индивидуално да може да се поврзе со користење на своите сетила за обезбедување на квалитет во работата и во приватниот живот.
Студентите имаа и кратка презентација за работењето на „Маркарт Македонија“ и тура низ фабриката (сектори: Електроника, Склопување, Пластика, Магацин). Беа претставени и можностите за вработување на студентите од УГД.