На 17 мај 2024 година во просториите на Машински факултет пред студентите од втора година се одржа предавање на тема „Автоматизација на модерно работно место во Полска" од страна на м-р Камил Кишка, магистер по машинство на Институтот „Јан Гродец“ при Универзитет „Санок“ во Полска.
М-р Кишка ги сподели своите сознанија за најновите трендови и иновации во автоматизацијата, истакнувајќи ја важноста на ова поле во современите индустрии.
Благодарни сме за можноста да бидеме домаќини на ваков одличен говорник и да им овозможиме на нашите студенти уникатно искуство за учење.
Посебна благодарност до м-р Кишка што ја сподели својата експертиза со нас!