Мехатрониката е интердисциплинарна дисциплина која опфаќа моделирање на физички системи, сензори и актуатори, сигнали и системи, компјутери и логички системи, софтверска обработка на податоци.

Мехатроничар е интересна професија, со можности за постојан сопствен развој и усовршување. Вакви кадри се постојано барани и во Македонија и во странство, со постојано отворени огласи за нивно вработување. Поради недостиг на овој кадар компаниите често пати за своите потреби обучуваат мехатроничари. Со завршени академски студии Мехатроника студентот ќе има можност да бира каде ќе работи и под кои услови. Во моментов во Македонија нема невработени мехатроничари, ова е една од најдобро платените професии денес, подобро платена од скоро сите останати инженери.

Студиската програма Мехатроника трае 4 години. Во првите две академски години се изучуваат основите од машинството (машински материјали, кинематика, динамика, јакост на материјалите, машински елементи, термодинамика, механика на флуиди), потоа дигитална и индустриска електроника, како и основите на програмирањето, а се изучува и еден објектно ориентиран програмски јазик JAVA. Во овој период студентите се стекнуваат и со вештини за цртање со помош на софтверскиот пакет AUTOCAD и за компјутерско тридимензионално моделирање и визуализација.

Во трета и во четврта година студентите се воведуваат во основите на мехатрониката, автоматското управување, актуаторите, хидрауличните и пневматски компоненти за автоматско управување, потоа сензорите и сигналите, роботиката и автоматизацијата, микроконтролерите, програмабилните логички контролери (PLC), мехатроничките системи, компјутерското водење на процеси. Се изучува и користење на уште еден софтверски пакет за цртање SOLIDWORKS, а по предметите Моделирање и симулации (1 и 2) се изучува користење на Mathlab и Simulink, како и користење на софтвериски пакет базиран на методот на конечни елементи. Студентот може подетално да ја изучува и примената на мехатрониката во автомобилската индустрија.

Со завршувањето на 4-годишните студии студентот се стекнува со солидни теоретски знаења од областа на машинството, електрониката и информатиката, оспособен за користење на софтверските пакети AUTOCAD и SOLIDWORKS за техничко цртање и 3-димензионално моделирање, познавање на основите на објектно ориентираниот програмски јазик JAVA, за користење на софтверски пакет за користење на Методот на конечни елементи, како и оспособеност за програмирање со Mathlab и Simulink.

Во текот на студирањето се предвидени редовни посети (со можност за пракса) на компаниите кои се наоѓаат во близина на факултетот, како и во индустриските развојни зони, каде што има значителен број на компании од областа на мехатрониката.

Со вештините кои ги стекнува во текот на 4-годишните студии студентот е стручно оспособен да може без проблем да се вработи како инженер мехатроничар.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 032 550-071
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Маргарета Алчинова
Телефон: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.