По спроведените истражувања  во  дел од компаниите во Македонија во кои се користи високо софистицирана технологија, од учебната 2021/2022 год. на Машинскиот факултет во Штип започнува да се реализира нова студиска програма - Информатичка технологија во машинството(ИТМ). Оваа студиска програма е прва и засега единствена во Македонија од ваков тип.

Што е ново и единствено во оваа студиска програма ?

Си дипломирањето на класичните студиски програми на Машинските факултети студентите се стекнуват со продлабочени познавања и вештини од областа на машинството, принципите на базичните технички науки (Механика, Јакост на материјалите, Машински елементи, Термодинамика, Механика на флуиди, Автоматско управување, Материјални системи и др.), начинот на функционирање и користење на машинската  опрема како и знаења поврзани со користење на готови апликативни софтвери  наменети за машинството.

Денес, во современите  компании,  од новите машински инженери  се почесто се бара и познавање на барем еден програмски јазик (најчесто објектно ориентиран), потоа работа со бази на податоци, различни оперативни системи, компјутерски мрежи, продлабочени знаења од софтверското инженерство.

Во оваа студиска програма, значителен дел, околу една третина  од задолжителните предмети во првите три години  се изучуваат заедно со студентите од Факултетот за информатика во Штип. Тоа се предметите Основи на програмирање, Вовед во информатика, Објектно-ориентирано програмирање, Дискретна математика, Структура на податоци и алгоритми, Оперативни системи, Софтверско инженерство, Бази на податоци, Компјутерски мрежи, Системски софтвер, Мобилни и безжични мрежи, предмети кои се поврзани со директната примена на информатиката во инженерството.

Со дипломирањето на оваа насока се очекува студентите да имаат познавања покрај од информатичката технологија и познавања од базичните инженерски дисциплини кои треба да ги поседува секој машински инженер,  да бидат способни во исто време да користат и софтвери за инженерска графика и инженерски симулации AUTOCAD, Solidworks и др., за примена на методот на конечни елементи, за автоматизација, CAD/CAE, за компјутерско водење на процеси, Matlab, SImulink и др.

Во однос на студиската програма Мехатроника, која исто така е застапена на Машинскиот факултет – Штип,  во оваа студиска програма акцент е ставен на информатичката технологија и машинството, додека во програмата Мехатроника  скоро подеднакво се застапени предмети од областа на машинството, информатиката но и електрониката.

Со дипломирањето студентите ќе бидат компетитивни и барани на пазарот на труд, со можности за добри работни места со високи почетни плати особено во компаниите кои применуваат високо софистицирана опрема, како во земјата така и во странство. 

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 032 550-071
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Маргарета Алчинова
Телефон: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.