Виолета Попова Шалева -проект менаџер во Релисис Скопје

Која беше Вашата мотивација да студирате на Машинскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев-Штип?

Кога одлучив да се запишам веќе бев вработена и со семејство. Знаев дека сакам да студирам технички факултет, бев љубопитна кон технологиите и менаџирањето на процесите. Ме привлекуваа организациските и логистичките активности во компаниите.Желбата и можностите за напредок со техничките факултети беа големи, а воедно и можностите за избор на работно место големи. Со инженерската диплома се отвараат нови полиња и хоризонти за усовршување што создава и можности за подобра платена позиција. Мотивот за вклучување на жените во проектите во денешниот т.н "машки свет" на инженери ми беше посебна инспирација за оваа насока и за ова работно место.

Какво беше Вашето искуство во текот на студирањето ?

Студирав како вонреден студент , на насоката Транспорт, организација и логистика, многу слична на Индустриско инженерство.
Успеав да ги испланирам т.е добро да ги изменаџирам моите семејни и професионални обврски на работното место со студентските обврски во исто време.
Во текот на студиите, понекогаш, особено за време на сесиите за полагање знаеше да биде и доста напорно, одење на работа и полагање на испити паралелно. Инаку, начинот на полагање беше доста коректен, испитите се одржуваа во закажаните термини, со материјали секогаш бевме обебедени од страна на професорите и асистентите.
Професорите од Машинскиот факултет во Штип беа достапни, посветени на студентите и истите ни овозможуваa квалитетна настава и знаења на секој оној кој ја сака науката и кој сака да се надградува и да напредува. Универзитетот има современи интернет платформи кои овозможуваат пристап до сите потребни информации и материјали околу студирањето.

Кој е Вашиот професионален ангажман сега ?

Денес сум вработена како Проект менаџер во компанијата Relisys -High Technology Systems Solutions во Скопје.

Кој е профилот на компанијата во која работите?

Компанијата се занимава со дизајнирање и имплементација на дата центри, оптички, електрични , напојни и безбедносни инфраструктурни системи и решенија. Посветеноста на вработените и компанијата е кон решавање на сите проблеми на клиентите и тоа ни дава големо искуство со различни технологии и системи. Ние сме лиценцирани градители, дизајнери, конструктори и изведувачи. Нашата компанија нуди решенија за проблеми поврзани и со производи од компаниите Microsoft, Cisco, Panasonic, Compaq, Dell, IBM, HP и други. Дел од нашите проекти во Македонија се реализирани за компаниите ЕВН Македонија, Прокредит Банка АД Скопје, Влада на Македонија, фабриката Гентерм во Битола, Сивус Македонија, Хипогруп Алпе Адриа Македонија, Сокотаб и други.

Што се промени кај Вас со завршувањето на Машинскиот факултет ?

Начинот на согледување и анализа на секојдневните проблеми со кои се среќавам во работата.Сега сум со појасна слика за можните решенија, времето на донесување на одлуки е многу пократко. Начинот на организација на самите проекти е поефикасен, со многу поефикасен начин на комуникација со сите учесници во секој проект, почнувајќи од менаџментот во компанијата до изведувачите на терен. Едноставно, сега функционирам со многу поголема ефикасност и самодоверба.

Работата со проекти е возбудлива, интересна и секогаш непредвидлива така што секој нов проект е нов предизвик.

Кои се Вашите планови за во иднина ?

Планирам да продолжам и со Магистерски студии меѓутоа обврските кон семејството се големи, но сепак можеби еден ден, никогаш не се знае.

Која е Вашата порака за идните студенти ?

Изборот на Машински факултет е правилен избор. Особено, позитивно мислење имам за софтверската подготовка на идните студенти на Машинскиот факултет во Штип. Тоа е многу битна компонента за целосната компетентност на секој инженер. Со дипломирање на Машински факултет студентите постепено навлегуваат во светот на техниката. Секогаш, за секој технички проблем постои поиновативно, поефикасно и пофункционално решение. Техниката никогаш не престанува да се развива, па ниту работните места за машински инженери некогаш ќе се намалат. Секогаш машинските инженери се барани на пазарот на труд, сигурно така ќе биде и во иднина. И во Македонија и во странство, квалитетните инженери секогаш успеваат да најдат работа во својата струка.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 032 550-071
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Маргарета Алчинова
Телефон: +389 32 550 474
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.