На 1 април 2024 г. во просториите на Машински факултет, д-р Никола Манев, доктор по технички науки од областа на машинство, одржа предавање пред студентите на тема „Афтермаркет оптимизација на мотор со внатрешно согорување".
Повеќе...Во тренинг-центарот при УГД на 14 март 2024 г. се одржа Работилница на тема „Уметност во функција" во која беа вклучени студентите од Факултет за природни и технички науки - насока Дизајн на ентериер и мебел, Ликовна академија и Машински факултет при УГД.
Повеќе...Во просториите на Машински факултет пред студентите се одржа предавање на тема „Технолошки иновации и машинска револуција во Германија" од страна на м-р Денис Вајлер, машински инженер од областа на оперативна технологија и заменик-раководител на Школата за заварување – лабораторија за испитување на материјали, Кобленц, Германија.
Повеќе...Деканката на Машински факултет, доц. д-р Сара Сребренкоска, на присутните студенти им порача дека се наоѓаат на значајна пресвртница во својот живот означувајќи ја кулминацијата на годините на нивната напорна работа, посветеност и упорност.
Повеќе...