Виолета Крчева, дипломиран машински инженер од Кочани, програмер на CNC машини

Виолета Крчева од Кочани дипломира на Машинскиот Факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип на насоката Производно машинство во 2016 година.

По дипломирањето се вработува во компанијата за производство на делови за автомобилска индустрија „Руен – Инокс Автомобиле“ во Кочани. Нејзиното прво работно место е во секторот за развој и конструкција на производи.

Подоцна е унапредена во технолог во производство а денес работи како програмер на Компјутерско нумерички управувани машини, попознати како CNC машини.

Во разговор со неа, таа ни изјави :

При програмирањето на CNC струговите ја користи програмата CIMCO EDIT, додека при изработка на технологија на производство на соодветен производ ги користи програмите Autocad и Solidworks (кои ги има изучувано во текот на студиите).

Студирајќи на Машинскиот Факултет има стекнато. теоретско знаење кое подоцна било солидна основа за вработување и извршување на работните обврски во производната индустрија. За разбирањето на теоретскиот дел и создавање на појасна слика не само за производствениот систем, туку и за менаџментот во компанијата придонела практичната настава која била организирана во рамките на факултетот и која придонела кон надополнување на теоретските знаења.

Поради позитивните искуства во текот на студирањето и можноста за квалитетно високо образование - на матурантите и на сите кои имаат желба да бидат машински инженери им го препорачува Машинскиот Факултет при

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде има:
• Професионален, посветен, способен и комуникативен наставен кадар кој постојано се стреми кон подобри можности за едукација преку современа наставна програма и овозможува стекнување квалитетно знаење на студентите;
• Можност за зголемување на знаењата и искуствата преку практична настава на студентите;
• Можност за професионална надградба на студентите и студирање на втор циклус студии;
• Можност за реализација на силните страни и потенцијалот на секој студент, обука на студенти преку Еразмус+ програмата, функционален електронски систем на учење;
• Воспоставени еднакви услови за учење за сите студенти, транспарентност, комуникацијата, почитување на разликите.

Денес во однос на првиот циклус студии нејзиниот коментар е следниот: „Доколку треба да избирам, повторно би избрала да студирам на истиот факултет и на истата насока бидејќи овде се препознав себеси, овде се реализираа идеите за мојата идна професија, овде ги остварив своите очекувања и цели“.

Виолета планира наскоро пак да биде дел од овој факултет, има цел да ги надополни своите знаења преку запишување на втор циклус студии на Машинскиот Факултет.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Данче Гркова
Телефон: +389 032 550-033
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Весна Конзулова
Телефон: +389 32 550 662
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.