Студентите од Машински факултет и од Факултет за природни и технички науки учествуваа во Работилница „Од идеја до полупроизвод“. Станува збор за работилница која преку практични задачи на актуелните студенти им овозможи стекнување на ново знаење.
Активности во процесот на создавање нови и кoдифицирање на постоечки полупроизводи кои се однесуваат на исполнување на функционалните, естетските, ергономските и економските барања и принципи беа задача на првиот дел од Работилницата „Од идеја до полупроизвод“, на која учествуваа студенти од Машински факултет и Факултет за природни и технички науки од насоката Дизајн на мебел и ентериер.
Убавината ја доживува секој корисник и сака да биде дел од приказната на потребите и животните искуства.