Техничките факултети при УГД (Машински, Технолошко-технички и Електротехнички факултет) ги отворија вратите за средношколците кои сакаат да се запишат на овие студиски програми. Деканот на Машински факултет, проф. д-р Ристо Кукутанов, истакна дека знаењата и контактите што студентите ќе ги добијат за време на студирањето на УГД ќе бидат неразделен дел од нивната иднина и ќе им помогнат да се реализираат на професионален и на приватен план.

Образованието не започнува и не застанува со факултетот, не застанува ни со магистерските студии, ни со докторатот. Образованието треба да е континуиран процес во кој вие ќе уживате и ќе го дадете најдоброто од себе. Постојаното образование претставува морална должност на сите нас и е единствен начин да бидеме во тек со времето, настаните и со светот – изјави Кукутанов.

Отворениот ден на техничките факултети предизвика интерес и од компаниите од оваа област кои препознаа можност да се промовираат себеси пред средношколците кои во иднина ќе бидат студенти, но и потенцијални кадри за нивните потреби.

Според проф. д-р Винета Сребренкоска, декан на Технолошко-технички факултет, на овој отворен ден им се дава можност на средношколците да ги посетат факултетите и да видат што ги очекува доколку изборот им е да се запишат на УГД.

Денес сме организирани три технички факултети кои веќе се предизвик за новите студенти, повеќе да познаваат, да ги изучуваат овие науки заради тоа што можностите за нивните вработувања и знаења се големи, а и за нашата држава е добро да се формира што е можно повеќе ваков кадар. Техничките факултети можеби досега не биле предизвик, бидејќи се изучуваат специфични науки, меѓутоа со оглед на тоа што расте бројот на компании кои влегуваат во нашата држава, интересот и барањата за таков кадар се сѐ поголеми. Од таа причина, ние поканивме голем број компании кои им презентираат на идните студенти зошто да ги изучуваат техничките науки и каде можат во иднина да си најдат соодветно место со знаењата кои ќе ги добијат. На пазарот на трудот сѐ повеќе има недостаток на машински инженери, електротехнолози, особено има мал број на навистина квалитетен кадар. Затоа сакаме како универзитет да го дадеме максимумот – не само денеска, да испромовираме што можеме да им понудиме на студентите, туку и навистина да создадеме кадар кој ќе биде на располагање на нашата земја за развој на нашата индустрија – изјави деканката Сребренкоска.

Пред средношколците беа презентирани студиските програми на трите факултети каде што може да се запишат студенти. Компаниите презентираа и можности за стипендии, а одредени професори и асистенти споделија свои искуства, со цел на средношколците да им се долови сликата за овие професии и да им се помогне да го направат вистинскиот избор и да се запишат на некој до техничките факултети на УГД.

Еден од факултетите што се промовираше денеска пред средношколците е и Електротехничкиот факултет, а деканката проф. д-р Татјана Атанасова-Пачемска порача дека потребата од кадри од електротехничките науки е само еден плус за да се направи изборот за запишување на ЕТФ.

На Македонија ѝ требаат кадри од областа на електротехничките науки, од автоматиката и системското инженерство, обновливите извори на енергија, мехатрониката и роботиката. Тоа се високософистицирани технолошки професии кои придонесуваат за развојот на државите општо, за развојот на економијата, за креирање на поголем економски раст и за обезбедување на солидни надоместоци од кои нашите идни инженери би можеле убаво да живеат. Мора да потенцирам дека генерациите на дипломирани електроинженери од Електротехничкиот факултет веќе стопроцентно се вработени, се наоѓаат на пазарот на трудот во Македонија и надвор од неа, и особено сме горди што не претставуваат нас во најубаво светло, а знаењата кои ги имаат стекнато кај нас им обезбедиле навистина гаранција за солидна иднина – изјави деканката Пачемска.

 

Технички секретар

Сашка Атанасова
Тел: +389 32 550 850
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Виница
Анка Јорданова
Телефон: +389 032 550-868
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
факс: + 389 32 390 700

Штип
Данче Гркова
Телефон: +389 032 550-033
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Билјана Бојаџиска
Телефон: +389 032 550-594
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Љубица Медарска Апостолова

Тел: +389 32 550 585

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.