Почитувани студенти

Почитувани студенти

Почитувани идни студенти,

Современиот начин на живеење наметнува потреба од брз развој на науката и техниката..Машинството како основа на најголемиот дел од инженерските решенија во техниката ви овозможува градење на успешна кариера како идни инженери – носители на водечки проекти во стопанството.

Ако вашата цел е да бидете успешни и квалитетно едуцирани инженери, да ги познавате проблемите од областа на машинството но и нивните решенија, да бидете способни стекнатите знаења да ги примените во пракса, притоа да користите софтверски и друг вид компјутерски помагала и алатки, да бидете во чекор со развојот на новите апликации кои се користат при симулацијата на техничките процеси и при моделирањето и на најсложените технички елементи тогаш студирајте на Машинскиот факултет.

На Машинскиот факултет во Штип и Струмица можете да студирате Мехатроника, Производно машинство или Индустриско инж.

Наставата се одвива во мали групи, со што се овозможува посветување на внимание на потребите на секој студент поединечно.

Како редовен студент имате можност преку учество во европската програма за размена на студенти Erasmus да студирате еден семестар на некој од европските универзитети учесници во програмата.

Во текот на студиите имате можност за реална, работна пракса во успешни домашни и странски компании во Македонија, праксата се обезбедува со помош на наставниот кадар на факултетот.

Зависно од избраната насока, со дипломирањето се стекнувате со квалификација која ќе ви овозможи вработување како инженер - мехатроничар, проектен инженер, раководител на производство, конструктор во развојно одделение, истражувач, оперативен менаџер, лидер на тим за развој на нови производи и др.

По дипломирањето имате можност да изберете каде ќе се вработите. Најголемиот дел од дипломираните студенти се вработуваат како помлади машински инженери уште како апсолвенти. Голем број на компании во Македонија имаат постојано отворени огласи за вработување на машински инженери, со солидни почетни примања.

Постојан напредок и усовршување, секогаш во тек со современите достигнувања во техниката. Добро платена и барана професија. Сигурна иднина.

Одлучете реално и практично - студирајте на Машински факултет при УГД Штип. (студиски програми во Штип и Струмица).

Декан
Ред. проф. д-р Ристо Кукутанов

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Данче Гркова
Телефон: +389 032 550-033
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Весна Конзулова
Телефон: +389 32 550 662
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.