Машински факултет при Универзитет „Гоце Делчев” организираше настан наменет за средношколци, со цел да ги запознае со предизвиците и можностите кои ги нуди областа на машинското инженерство. Настанот беше составен од низа интересни презентации за: студиските програми на факултетот, општо за професијата машинство, како и за уловите и можностите за студирање на Машински факултет.

Деканката на Машински факултет, доц. д-р Сара Сребренкоска, во своето обраќање ја истакна важноста на машинското инженерство во денешниот свет кој брзо се развива. Како и клучната улога што машинските инженери ја играат во справувањето со глобалните предизвици, како што се одржливата енергија, иновативните транспортни системи и интеграцијата на вештачката интелигенција и автоматизацијата. На присутните средношколци им порача да изберат мудро, притоа да делуваат храбро не плашејќи се да ги следат своите соништа со што ќе дозволат да станат идни лидери и иноватори во динамичкото поле на машинството.

Еден од најистакнатите делови од настанот беше презентацијата на Иван Панев, тековен студент на Машински факултет, кој ги истакна можностите и условите за студирање кои ги нуди Универзитетот и предизвиците со кои се соочуваат студентите во текот на студирањето, како и своите лични искуства при студирање на Машински факултет.

На настанот беа презентирани и трите студиски програми кои се достапни на факултетот, како и можностите за кариера кои истите ги нудат. Беа презентирани и предизвиците на машинството како професија и побарувачката на машинските инженери на пазарот на трудот.

Исто така, присутни беа и претставници на компаниите: Marquardt, Ruen Inox automobile и Laminati Kom, кои ги претставија своите компании, дадоа увид во работата на машинските инженери во индустријата и ги претставија можностите за студентска пракса и вработување на студентите откако ќе ги завршат студиите.

Настанот беше одлична можност и за студентите да ги истражат своите кариерни опции и можностите за истражување во областа на машинското инженерство.

Со голем интерес и активно учество, настанот отвори врати за нови можности за средношколците и успешно обединување на студентите и компаниите во областа на машинското инженерство.

Технички секретар

Елвира Ристова
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип
Иван Јосифов
Телефон: +389 032 550-071
E-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Струмица
Аница Удовалиева
Телефон: +389 32 550-250
E-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Секретар

Маргарета Алчинова
Телефон: +389 32 550 474
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu