Студентите од Машински факултет и од Факултет за природни и технички науки учествуваа во Работилница „Од идеја до полупроизвод“. Станува збор за работилница која преку практични задачи на актуелните студенти им овозможи стекнување на ново знаење.
Read more ...Home
Студентката Бојана Стојанова од Машински факултет на 21 март 2023 г. е промовирана како една од дваесетте студентки од инженерските факултети на државните универзитети во земјава на иницијативата Global Engineer Girls - North Macedonia, што ја спроведува Групацијата „Лимак“ во партнерство со Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Македонија.
Read more ...За студентите на Машински факултет, прва година, ќе се организира Информативен час:
- во Штип на 4.10.2023 г. од 9:00 часот во Кампус 2, предавална 13;
- во Струмица на 3.10.2023 г. од 10:00 часот во Кампус Струмица, предавална 4.
Студентите на Машински факултет од втора, трета и четврта година со настава ќе започнат од вторник 3.10.2023 г.
- Распоредот за зимски семестар 2023/2024 година може да го видете на официјалната веб-страница на Универзитетот во делот за е-распоред.
https://www.ugd.edu.mk/raspored-23-24/raspored-mf-zimski-semestar-23-24.html
Машинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип соопштува дека кандидатката Виолета Крчева јавно ќе го брани својат магистерски труд под наслов: „Симулација на интерполарно движење на работните елементи на CNC струг“.
Одбраната на магистерскиот труд ќе се одржи на 30.6.2023 год. (петок) со почеток во 11:00 часот во Свечената сала на Земјоделскиот факултет.
Сара Милојчевска
Сара Милојчевска, дипломиран машински инженер на Машинскиот факултет на УГД во Штип.
Studenti