Последипломските студии на Машинскиот факултет во Штип нудат можност за напредно усовршување и специјализација во областите Машинско инженерство и Мехатроника. Програмите се современи и усогласени со потребите на индустријата и глобалниот пазар на труд.
Со нивното завршување, студентите се стекнуваат со соодветен академски назив, со што се отвораат нови можности за кариерен развој и вработување во домашни и странски компании.
Машинско инженерство
Студиската програма Машинско инженерство се реализира во траење од една година, два семестра. Со завршување на едногодишните студии на студиската програма Машинско инженерство студентите стекнуваат 60 ЕКТС.
Со завршување на едногодишни академски студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер по машинско инженерство (Master of science of mechanical engineering)
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии (со траење од 4 години).
Стекнатата диплома по Машинско инженерство е меѓународно призната.
Мехатроника
Студиската програма Мехатроника се реализира во траење од една година, два семестра. Со завршување на едногодишните студии на студиската програма Машинско инженерство студентите стекнуваат 60 ЕКТС.
Со завршување на едногодишни академски студии од втор циклус на оваа програма студентите се стекнуваат со назив: Магистер на технички науки од областа машинство – мехатроника (Master of science of mechanical engineering-mechatronics)
Услов за запишување: стекната диплома со најмалку 240 ЕКТС од прв циклус на (додипломски) студии (со траење од 4 години).
Стекнатата диплома по Mехатроника е меѓународно призната.
Претходни акредитации
Студиски програми акредитирани во 2017/2018 г.
Студиски програми акредитирани во 2012/2013 г.
За повеќе информации обратете се кај референтите од студентската служба за втор циклус на студии:
Марјан Марков
Телефон: +389 32 550 061
E-mail: marjan.markov@ugd.edu.mk
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бб
Пош. фах 201, Штип – 2000, Р.Македонија