Во денешниот свет на забрзан технолошки развој и индустриски промени, сеопфатното инженерско образование на студентите, како и континуираниот професионален развој на наставно-научниот кадар се од суштинско значење за Машинскиот факултет.
Соработка со бизнис секторот и институциите
Машинскиот факултет активно развива и одржува стратешки партнерства со компании од областа на автомобилската индустрија, производството, автоматизацијата, композитните материјали и индустрискиот менаџмент. Преку соработка со компаниите, факултетот обезбедува:
Оваа соработка овозможува директно поврзување на академското знаење со реалните потреби на индустријата, со што студентите стекнуваат применливи компетенции и конкурентност на пазарот на трудот. Машинскиот факултет претставува активен партнер на индустријата во процесите на дигитализација, автоматизација, развој на нови производи и оптимизација на производствени системи.
Погледнете ја листата на соработници на Машинскиот факултет подолу во текстот.
Меѓународна соработка
Во рамки на воспоставените меѓународни партнерства на Машинскиот факултет и на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на студентите и вработените им се овозможува активно учество во различни програми за размена, научноистражувачки проекти и обуки кои се реализираат на странски универзитети. На овој начин се стекнуваат со вредни знаења и практични искуства преку примена на современи меѓународни практики, кои понатаму ги применуваат во својата професионална кариера.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип располага со најголем број меѓуинституционални договори во државата (над 400), при што во текот на една академска година се реализира размена на повеќе од 300 дојдовни студенти и над 50 членови од наставниот и административниот кадар.
Повеќе информации за меѓународната соработка можете да најдете на: https://www.ugd.edu.mk/za-ugd/sorabotka/
Еразмус+ програма
Во рамките на УГД веќе долги години успешно се реализира и програмата Еразмус+, која е проект на Европската Унија во областа на високото образование и која овозможува соработка и размена на студенти и кадар помеѓу партнерски универзитети во Европа.
Размена на студенти:
Програмата е наменета за сите редовно запишани студенти на УГД што имаат завршено најмалку 2 семестри од студиите, имаат постигнато солиден успех и имаат познавање на англискиот јазик. Студентската размена можат да ја реализираат во еден од партнерските универзитети, чија целосна листа може да се најде тука, а студиската размена може да се реализира во период од 6 или 12 месеци. Во рамките на Еразмус+ програмата нудиме и програма на англиски јазик и активности за странските студенти што доаѓаат на размена на УГД.
Размена на вработени:
Наставниот кадар на Универзитет „Гоце Делчев“ преку Еразмус+ програмата има можност за мобилност, која може да се оствари на еден од странските Универзитети со кои УГД има склучено договор за соработка. Мобилноста за вработените е во времетраење од една недела и може да биде остварена во форма на предавања или обука. Со цел оваа програма да биде подобро промовирана пред студентите, УГД во текот на годината постојано организира информативни денови и состаноци со претставници од Националната агенција.
Дополнително, сите потребни информации можете да ги добиете на следниот линк: cmus.ugd.edu.mk
Листа на соработници на Машински факултет
КОМПАНИИ
- ТИНГ – Кочани
- Руен – Инокс автомобиле – Кочани
- Адиент Аутомобиле – Струмица
- Амфенол Технолоџи Македонија – Кочани
- Уретани – Штип
- ТЕХНО-ГУМА Николов ДООЕЛ Штип
- АКТИВА ДОО Штип
- МИКРОСАМ увоз-извоз ДОО Прилеп
- СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп
- ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид
- АБ Новоселски – Струмица
- Здружение ЕКО СМАРТ – Штип
- МИК ДОО Свети Николе
- ЛАМИНАТИ КОМ ДОО Прилеп
- МАРКАРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
- ИГМ-ТРЕЈД ДОО Кавадарци
СРЕДНИ УЧИЛИШТА
- СОУ “Коле Нехтенин” – Штип
- СОУ ” Славчо Стојменски” – Штип
- СОУ “Кочо Рацин” – Свети Николе
- СОУ “Јане Сандански” – Струмица
- СОУ “Коста Сусинов” – Радовиш
- СОУ “Гоце Делчев” – Куманово
- ОСТУ “Наце Буѓони” – Куманово
- СОУ “Св.Кирил и Методиј” – Неготино
- СОУ “Ванчо Прке” – Виница
- СОУ ” Гошо Викентиев” – Кочани
- СОУ “Наум Наумовски-Борче” – Пробиштип
- СОУ ” Добри Даскалов” – Кавадарци
- СОУ „Киро Спанџов-Брко” – Кавадарци