Машинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип континуирано работи на развој и примена на современи инженерски знаења преку активна научноистражувачка и стручно-апликативна дејност. Преку овие активности се унапредува квалитетот на наставата, а истовремено се дава значаен придонес кон технолошкиот напредок и индустрискиот развој.
Во рамки на факултетот се реализираат бројни истражувачки иницијативи, учество во домашни и меѓународни проекти, како и објавување на научни и стручни трудови. Дополнително, на располагање се современи лабораториски услови за испитување на материјали, механички и термички анализи, кои овозможуваат практична примена на инженерските знаења и поддршка на иновативни решенија.
Публикации (Академски репозиториум)
Следејќи ги принципите на отворен пристап, наставно-научниот кадар на Машинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип редовно ги публикува своите научни и стручни резултати во Универзитетскиот репозиториум. Објавените материјали опфаќаат научни трудови и истражувања (во домашни и меѓународни списанија, вклучително и списанија со импакт фактор), монографии, наставни материјали и други едукативни ресурси.
Со нивната достапност, се овозможува поширока видливост и примена на стекнатите знаења, при што истражувачите, студентите и индустријата имаат пристап до релевантни и актуелни информации. На овој начин се поттикнува развојот на инженерството, се унапредуваат образовните процеси и се зајакнува врската помеѓу академската заедница и бизнис-секторот.
Публикациите на наставно-научниот кадар на Машинскиот факултет можете да ги најдете на следниот линк: https://eprints.ugd.edu.mk/view/divisions/FME/
Проекти (Научно-истражувачки и стручно-апликативни)
Машинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, заедно со наставно-научниот кадар (тимски и индивидуално), активно учествува во бројни домашни и меѓународни проекти насочени кон решавање на современи предизвици во инженерството, индустријата и образованието.
Овие активности вклучуваат соработка со индустриски партнери, вклучување на студенти, како и партнерства со јавни институции и меѓународни организации. Преку ваквите проекти се развиваат современи инженерски решенија, базирани на научни сознанија и практична примена, со цел унапредување на технолошкиот развој, индустриските процеси и општеството во целина.
Проектите во кои учествува Машинскиот факултет и наставно-научниот кадар можете да ги најдете на следниот линк: https://eprints.ugd.edu.mk/view/divisions/FME/
Лабораторија за механички и термички испитувања (ЛММТ)
ЛМТТ претставува клучен истражувачки и апликативен капацитет на Машинскиот факултет, наменет за испитување на својствата на различни материјали под механички и термички влијанија. Преку современа опрема и софтверска поддршка, овозможува добивање прецизни резултати кои се користат во научноистражувачка работа, развој на нови материјали и оптимизација на инженерски решенија. Лабораторијата има значајна улога и во наставниот процес, овозможувајќи практична обука на студентите и поддршка на индустриски проекти.
Лабораторија за индустриско инженерство и дигитални операции (ЛИИДО)
ЛИИДО e фокусирана на оптимизација на производствени процеси преку дигитални технологии и анализа на податоци. Се работи со KPI, OEE и планирање на операции, со цел подобрување на ефикасноста и донесување одлуки базирани на податоци. Обезбедува практична средина за решавање реални индустриски проблеми.
Лабораторија за индустриска динамика во производните системи (ЛИДПС)
ЛИДПС е насочена кон моделирање и симулација на производствени системи и нивно однесување во динамични услови. Се применуваат методи како дигитални двојници, Lean/Six Sigma и аналитички алатки за предвидување и оптимизација на системите на стратешко ниво.