Search

Професорката Чекеровска беше дел од Работилница за енергетска транзиција на Штип

Прoфесорката Марија Чекеровска од  Машинскиот факултет учествуваше во панел-дискусија „Напредокот на зелената енергетска транзиција во Штип“.

Настанот беше организиран од Фондацијата АКУО, во соработка со УГД и Општина Штип. Работилницата беше на тема „Развој на Штип преку поттикнување одржлив раст, земјоделство и транзиција кон зелена енергија“.

Оваа Работилница има за цел да обедини претставници на Владата, бизнис лидери, еколошки експерти и членови на заедницата кои ќе дискутираат и промовираат стратегии за одржлив развој во Штип.

Инаку, на Работилницата како панелисти учествуваа повеќе професори од Електротехничкиот факултет и Земјоделскиот факултет.