Машински факултет потпиша Меморандум за соработка со компанијата АБ Новоселски – Струмица, со цел унапредување на образованието и практичната работа во областа на машинството.
Со оваа соработка се отвора можност за размена на знаења и искуства меѓу академскиот кадар и индустријата, како во теоретскиот, така и во практичниот дел.
Фокусот ќе биде ставен на користење на современа опрема и технологии, што треба да придонесе за подобрување на квалитетот на наставата и работата во секторот.
Од факултетот изразија благодарност до професорите и партнерите за поддршката и отвореноста за ваков тип соработка.



